Откако му прости за неколкуте прељуби кои излегоа во јавноста, Клои Кардашијан минатата година реши да даде втора шанса на Тристан и нивната врска само поради нивната малолетна ќерка. Сепак на НБА ѕвездата не издржа долго, а неверствата се негов главен порок. Додека Тристан ужувал во прегратките на друга жена, била започната процедура парот да добие уште едно дете преку сурогат мајка.
Само еден месец откако веста осамна во странските медиуми дека нивната ќерка Тру ќе добие братче Клои Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер, кошаркарот Тристан Томпсон на 5 август станаа родители на нивното второ дете, пренесува магазинот „People“.
Ријалити ѕвездата по еден месец откако по втопат стана мајка откри како ќе се вика нејзиниот син. Името за кое се одлучиле родителите е Тео.
По објавувањето на името на нејзиниот син, Клои за медиумите откри како е да се биде самохрана мајка на две деца и како се справува со нив.
„Да можеш малите луѓе да ги обликуваш во навистина неверојатни и големи луѓе е чест, но и подарок. Знам дека е клише, но сакам сè, дури и тешките делови од родителството. Тоа може да биде страшно, но јас си ја сфаќам работата многу сериозно“, изјави таа за магазинот „Elle“.
https://www.instagram.com/p/CfzGC0sFxNX/embed/?cr=1&v=14&wp=1080&rd=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk&rp=%2Fkloi-kardashijan-i-tristan-pred-eden-mesec-dobija-sin-parot-konechno-go-otkri-imeto-na-bebeto%2F#%7B%22ci%22%3A2%2C%22os%22%3A3221.5%2C%22ls%22%3A873.1999999284744%2C%22le%22%3A3144%7D
„Треба сериозно да ги сфатиме тие улоги, особено во денешно време, кога децата имаат пристап до толку многу содржини и се изложени на толку многу информации на толку млада возраст“, додаде Клои.