Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, утринава известуваше од местото на нападот во населбата Подил.
„Пријатели! Драги жители на Киев! Непријателот продолжува да го напаѓа главниот град. Беше гранатирана станбена зграда. Едно лице загина, 19 се повредени, меѓу кои четири деца. Оштетени се 6 станбени згради, градинка и училиште. Спасувачи и лекари се на местото на настанот“, изјави Кличко.