-5 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Клинтон: Медиумите го поттикнуваат насилството врз женските права

Најчитани вести

Жените политичарки се соочуваат со насилство во врска со женските права, што е поттикнато од социјалните медиуми кои наградуваат насилни постови и теории на заговор, изјави поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон.

На собир во центарот на Лондон, каде ја претставуваше книгата за женските лидери што ја напишала со својата ќерка Линдзи, Клинтон кажа дека жените под строгото око на јавноста и натаму се соочуваат со тоа како изгледаат и со притисокот да се однесуваат пристојно и кротко, пренесуваат британскаите медиуми.

Хилари Коинтон ова го кажа откако голем број жени во британскиот Парламент соопштија дека нема да се кандидираат на претстојните избори, закажани за 12 декември, бидејќи добиле бројни закани и вознемирувања преку социјалните мрежи.

-Постои реакции врз многу успешни жени и на улогата на жената сега. Мислам дека тоа го поттикнаа социјалните мрежи на многу деструктивен, токсичен начин, рече Клинтон.

Таа кажа дека е оптимистина за идните политички кандидатки и за остантите кои ќе посегнат кон сферите во кои доминираат мажите, но дека се потребни промени за да се обезбеди тие да имаат еднакви шанси за успех.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести