Зијафет Асаноски, производител од Црнлиште Долнени, има два хектари со пченица. Родот количински е добар, ама квалитетот е слаб. Вели екстремните временски услови годинава си го направија своето кај сите земјоделски култури. Ако продолжи, ќе влијае на производството на храна.
Климатските промени ќе го намалат производството на храна, предупредува Светска банка. Кај нас влијаат и миграциите. За агрономите неопходно е да се приспособиме и да се преструктурираме. Окрупнувањето на земјоделското производство ќе значи конкурентност на пазарот.
Откупната цена на пченицата од околу 9 денари, и според производителите и според агрономите е дестимулирачка за производствените планови на лебното зрно.