Home » Климатските промени би можеле да ја чинат Германија до 900 милијарди евра до 2050 година

Климатските промени би можеле да ја чинат Германија до 900 милијарди евра до 2050 година

by Журнал.мк

Климатските промени би можеле да ја чинат Германија до 900 милијарди евра (957 милијарди долари) до 2050 година, покажа студија нарачана од владата чии резултати се објавени денеска.

Германското Министерство за животна средина, заедно со Министерството за економија и заштита на климата, објави документ во кој се разгледани неколку сценарија од 2022 до 2050 година врз основа на различни нивоа на глобално затоплување.

Најевтиниот модел предвидува трошоци од 280 милијарди евра во временскиот распон.

За 2050 година може да се очекува намалување на бруто домашниот производ од 0,6 до 1,8 проценти поради климатските промени.

Сценаријата не се точни предвидувања бидејќи аспектите како што е намалувањето на квалитетот на животот е тешко да се квантифицираат економски, пренесе ДПА.

– Трошоците за климатските промени може да испадне да бидат многу повисоки отколку што се утврдени со сценаријата во моделот, се додава во студијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk