9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Клетвата „Кирикочо“ – Киелини потврди дека го „проколнал“ Сака

Најчитани вести

Џорџо Киелини потврди дека му „фрлил“ клетва на Букајо Сака, 19 годишниот тинејџер кој го промаши клучниот пенал па Италија стана Европски шампион.

Моментот пред сака да шутне Киелини извика „Кирикочо“. Тоа е збор кој години наназад фудбалерите го користат да нанесат штета на противникот. Киелини за „ЕСПН“ во разговор со новинарот Кристијан Мартин дефанзивецот на Италија тоа го потврди.

Инаку Киелини дека извикува „Кирикочо“ беше случајно забележан на снимка од УЕФА.

КАКО НАСТАНАЛА КЛЕТВАТА „КИРИКОЧО“?

Хуан Карлос навивач од 80-тите со прекар Кирикочо бил жесток навивач на Естудијантес и тој ги посетувал тренинзите на клубот. Меѓутоа тренерот на клубот во тоа време Карлос Билардо забележал дека неговиот фудбалери мистериозно се повредувале кога тој бил на тренинзите.

Тогаш Билардо побарал Кирикочо да оди на тренинзите на нивните противници и информациите од тој период велат дека таа „магија“ функционирала.

„Беше навистина добро дете, но од тогаш повеќе не го видов. Последен пат го предводев Естудијантес во сезоната 2003/2004 тогаш се распрашав за него, но никој ништо не знаеше“, изјаив Билардо.

Така легендата „Кирикочо“ се раширила помеѓу фудбалерите во Аргентина, а подоцна и во Европа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести