4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Клаудија Шифер направи изложба со фотографии на топ-моделите од 90-тите

Најчитани вести

Топ моделот Клаудија Шифер, организираше изложба со модни фотографии од 1990те години, од времето кога со Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Наоми Кемпбел, Кејт Мос и Кристи Тарлингтон беа најплатените и најбарани манекенки во светот. На изложбата што се одржува во Дизелдорф се прикажани преку 150 ретро фотографии од нејзината кариера.

„Ова е моето лично патување низ модната сцена во 90-тите.

Сликите ги избра Шифер, а изложбата го прикажува влијанието на модата во развојот на уметничката фотографија и личностите кои ги сликаа топ моделите во деведесеттите: Ричард Аведон, Јуерген Телер, Елен фон Унверт, Мишел Конте и други.

„Фотографиите се од мојата лична архива, полароиди и професионални слики направени низ годините. Тоа се сеќавања на луѓе и пријатели кои и по триесет години се дел од мојот живот“, рече Шифер за „Вог Италија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com