13 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Кичеец пуштен во домашен притвор

Најчитани вести

Судијата на претходна постапка го уважи предлогот на одбраната на второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец, како основан, по добиено мислење од обвинителството. Според тоа, Кичеец ќе биде пуштен во домашен притвор, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.9.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор – се вели во соопштението од судот.

Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информриаат дека решението е испратено до странките, а обвинтиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести