-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Кирил Петков најави подобри односи со Македонија

Најчитани вести

Копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“, Кирил Петков, која според првичните резултати оствари победа на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ се осврна на прашањето за односите со Македонија, истакнувајќи дека треба да се формираат работни групи од двете држави во кои ќе бидат вклучени луѓе од бизнисот, културата и образованието, покрај историчарите.

А целта на работните групи, според Петков, ќе биде дискусијата за тоа што може да се стори за добрососедските односи помеѓу Бугарија и Македонија.

– Треба да почнеме да зборуваме за сите аспекти на добрососедските односи кои можат да имаат корист од тоа – порача Петков, додавајќи дека работните групи треба да имаат јасни цели и да се состануваат еднаш месечно.

Тој не одговори дали Бугарија треба да го тргне ветото за Македонија на 14 декември, но напомена дека овој процес ќе биде највисок приоритет на идното раководство на бугарското Министерство за надворешни работи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com