21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Кирилов: Бугарија до крајот на март добива околу 250.000 дози, а до крајот на јуни 4,5 милиони дози вакцини

Најчитани вести

Директорот на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов, за БТВ денеска изјави дека до крајот на следната недела сите три вакцини, овластени за употреба од ЕМА, ќе бидат испорачани во Бугарија.

Денеска треба да пристигнат 16.375 дози на „АстраЗенека“, следната недела уште 31.500 дози од „Фајзер“ и 51.600 дози од „Модерна“, а другите 150.000 дози од „АстраЗенека“ се очекуваат исто така следната недела. До крајот на месецот се очекуваат во Бугарија да пристигнат вкупно околу 250.000 дози вакцини, јави дописникот на МИА од Софија

-Имплементацијата на Националниот план за вакцинација во Бугарија зависи од испорачаните количества вакцини. Според проценките на производителите со ажурирани испораки, до крајот на јуни очекуваме во Бугарија да бидат испорачани нешто над 4,5 милиони дози , што значи дека ќе има количества вакцини за над два милиони жители, коментира Кирилов.

Според него, кај популацијата има позитивен тренд кон вакцинирање.

-Од октомври и ноември, кога желбата за вакцинација беше околу 20 отсто, а учеството на оние кои се двоумеа беше големо, за неколку месеци гледаме дека трендот е спротивен и дека во моментот околу 40 отсто од луѓето дефинитивно сакаат да се вакцинираат, рече Кирилов.

Директорот на бугарската Агенција за лекови додаде дека во април се очекуваат поголеми испораки на вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

-Имаме потврда од „Фајзер“ за 250.000 дози што треба да бидат доставени во април. Очекуваме повеќе од 80.000 од „Модерна“ и околу 300.000 од „АстраЗенека“. Уделот на вакцините против Ковид-19 во април ќе биде поголем, додаде Кирилов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести