4 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Кире Лазаров е Роби Вилијамс од Балканот

Најчитани вести

Македонија се прости од најлошото одиграно Светско во историјата, но Твитерот гори од пофални зборови за нашата легенда која вчера го одигра последниот мундијалски танц. Си замина во голем стил како вистински великан со нов рекорд од неверојатни 500 гола на големите натпреварувања.

И покрај тоа што ова за нас беше Мундијал за заборав, сепак повторно како и на минатите Светски привлекуваме внимание и заслужено одземаме простор во медиумите и социјални мрежи, благодарение пред се на „Ил Капитано“.

Кире Лазаров ја завршува одисејата на Светските првенства со стил. Постигна 7 гола и направи 6 асистенции, а организаторите и покрај нашиот пораз, токму нему му ја дадоа наградата за играч на мечот.

Излезе целосна статистика за сите наши ракометари, а тој и покрај годините е пример за сите. Последниот Мундијал го заврши со 28 гола и 24 асистенции, прв во таборот на македонската репрезентација.

Тоа му носи нов рекорд од вкупно 500 голови постигнати на Светските и Европски првенства, нешто не остварливо до сега за ниту еден друг ракометар во историјата.

Тргна од Египет и не застана со своите брилијантни партии на дури 12 големи натпреварувања: СП во 1999, 2009, 2013, 2015, 2017, 2019 и ЕП во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2020.

Каква кариера, какви бројки, успеси и рекорди. Модел за врвен спортист кој и пред пензија игра во форма. Гаѓа проектили, асистира, разигрува, дели памет и целосно на плеќи ја носи репрезентацијата.

Не случајно ИХФ го искористи негово присуство во Египет за да му посвети видео со интервју и мала ретроспектива од Мундијалите. Го објавија со следниве зборови: Lazarov the Great.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести