Home » Кире Лазаров го одигра последниот меч во кариерата: Горд сум на тоа што го постигнав

Кире Лазаров го одигра последниот меч во кариерата: Горд сум на тоа што го постигнав

by Журнал.мк

Македонската и европска ракометна легенда Кире Лазаров го одигра последниот натпревар во кариерата и за жал не успеа да освои трофеј, откако Нант загуби (31:36) од ПСЖ во финалето на Купот на Франција.

Сепак, тој вели дека е горд на се што постигнал во кариерата.

„ПСЖ одигра одличен натпревар и заслужено победи. Тие се квалитетен тим и имаа доволно време за подготовка додека ние се боревме за второто место во шампионатот. Горд сум на се што постигнав низ годините и чест ми е што играв во Нант и во Франција“, изјави Кире Лазаров по одигрувањето на последниот натпревар во кариерата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk