37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Кипар планира во првата половина од годинава да бидат вакцинирани над 60 отсто од населението

Најчитани вести

Со интензивно темпо продолжува програмата за вакцинација со цел имунизациска покриеност на над 60 отсто од населението во првата половина од 2021 година, соопштуваат од Министерството за здравство на Кипар и додаваат дека во земјата, веќе е постигната целта поставена од ЕУ за имунизација на постари лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Објаснуваат дека барем првата доза ја примиле 82 проценти од лицата на возраст од над 80 години и 76 отсто од граѓаните меѓу 70 и 79 години.

Заклучно со саботата, 10 април биле спроведени 185.341 вакцинации, од кои 133.049 се со првата, а останатите над 50 илјади и со втората доза.

Процесот на имунизација на Кипар се одвива со вакцините на Фајзер, Модерна и Астра Зенека, а според надлежното министерство во напредна фаза се разговорите за набавка на руската вакцина Спутник-В, откако ќе биде одобрена од Европската агенција за лекови.

Во однос на пандемијата, на Кипар досега се регистрирани вкупно 51.505 позитивни случаи, а починаа 272 лица, додека пак од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Европски центар за превенција и контрола на болести, соопштуваат дека земјата е на првото место во ЕУ по спроведените тестови, односно 40.958 на 100.000 жители и на второто место со најнизок процент на позитивни резултати (0,8 отсто).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести