9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Кин и Карагер со епска расправија за Роналдо!

Најчитани вести

Отсуството на Кристијано Роналдо од стартниот состав на Манчестер јунајтед на вчерашното дерби со Челси беше изненадување и донесе многу шпекулации околу тоа кој го наредил тоа, и во исто време резултираше со неверојатна расправија на ТВ во живо на Рој Кин и џејми Карагер на „Скај спортс“.

„Мораш да стартуваш со него. Роналдо не е тој кој треба да влегува од клупата. Роналдо не се врати дома за да седи на клупа. Тој е фудбалер од светска класа, неговата статистика е добра, има голови и асистенции. Идејата дека ќе игра пресинг сега? Нема. Понекогаш мораш да работиш со суперѕвезда. Сум играл со играчи кои не трчаат колку што се надеваш, сите Кантони на овој свет, но им простуваш бидејќи даваат голови“, оценува Кин.

Карагер не се согласуваше.

„Оваа идеја дека Роналдо ќе стартува секој меч и секоја минута од мечот не е исправна. Понекогаш во големи мечеви сфаќам зошто Мајкл Керик не го стартува. Сега, Роналдо не е фудбалерот кој беше. Уште носи голови, но не треба да е голема приказна ако Роналдо не стартува секој меч“, објасни Карагер.

Потоа следуваше поинтересниот дел од разговорот, со поентата на Карагер дека Роналдо бил донесен за да се освојуваат титули, но Кин не се согласувашеа.

„ПСЖ го донесоа Меси, Манчестер јунајтед го донесоа Роналдо. Тоа се двајцата најголеми фудбалери на оваа генерација, можеби на цело време. Дали Јунајтед се поблиску до лигата од лани? Не. Дали ПСЖ се поблиску до титулата од ЛШ со Меси? Не. Зборуваме за стрелци, кои носат голови, но фудбалот е тимска игра. Роналдо не се врати за да ја освои лигата. Ја поминаа следната фаза во ЛШ, колку вреди тоа за тимот од бизнис страната? За Глејзери, за акциите? Тој се врати за тоа. Видете го тимот, видете ја лигата. Нема да ја освојат две-три години“, објаснува Кин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести