5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Кин е џокерот на Алегри, Јуве до пресврт-победа со Сасуоло

Најчитани вести

Екипата на Јувентус на гостински терен славеше против Сасуоло (1-2) и се наоѓа многу близу до заверка на директното место во Лигата на шампионите. Во Серија А има уште четири кола, а „бјанконерите“ бегаат осум бода од најблискиот следбеник Рома.

„Бјанконерите“ ја имаа благата фаворитска улога на хартија, ама се намачија за да победат. Сасуоло водеше прв, па до трите бода се одеше по потешкиот пат, со пресврт. Човек на одлука беше Моисе Кин кој влезе во игра во второто полувреме, а победничкиот гол го постигна во 88. минута по асистенција на Алекс Сандро и тоа со послабата нога.

Претходно, два брзи гола понудија двата тима во првото полувреме. Прво поведе домашниот тим преку Распадори во 39. минута, додека изедначи Пауло Дибала во 45. минута од натпреварот на „Мапеи Арена“ во Реџо Емилија.

Јувентус во следното коло игра со Венеција дома и со победа ќе го завери директното место во ЛШ. Сасуоло има незгодно гостување кај Наполи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com