Home » Кино за деца и млади во Битола од 13 до 15 септември

Кино за деца и млади во Битола од 13 до 15 септември

by Журнал.мк

Три филмови наменети за детската и тинејџерската публика ќе се прикажуваат во киното „Манаки“ во Битола во рамките на настанот „Кино за деца и млади“.

Станува збор за наслови од европска продукција кои опфаќаат различни теми кои отвораат нови видици на децата во области кои би го задоволиле нивното љубопитство како грижа за животните, проблемите на тинејџерите, другарството и слично.

Младите посетители ќе имаат можност да го гледаат германскиот филм за деца „Рафи“ во режија на Аренд Агте.

Приказната се одвива околу малиот хрчак по име Рафи, куќно милениче на 8-годишниот Семи и подарок од неговиот татко. Рафи ќе се разболи од срце, ќе го украдат, а неговата потрага набрзо ќе стане одисеја на Семи низ големиот град Хамбург.

Ќе биде прикажана и швајцарската драма „Фамилија“, во режија на Фред Баилиф, кој се фокусира на проблемите на тинејџерите во дом за згрижување деца во Женева во комбинација со дискусија на тема поврзана со филмот. Додека задутре ќе се одржи проекција на драмата „Семи, Џо и јас“, во режија на Карин Хеберлајн, во која едната од главните улоги ја толкува швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска.

Проекциите ги организира продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“, чиј фокус е дистрибуција на филмови за деца и млади, а во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и поддршка од Општина Битола, а влезот е слободен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk