16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кинески производител планира да произведе DDR5 меморија со брзини над 10.000MHz

Најчитани вести

Знаеме дека следната генерација на DDR5 меморија ќе биде брза, а колкава ќе биде таа брзина ќе зависи од повеќе фактори. Во моментов, голем број компании работат на аспектот на брзина, а се појави извештај дека кинеската компанија Netac Technology планира да креира DDR5 DRAM модули, способни за брзини над 10.000 МHz.

Иако не е потврдено, оваа вест би значела дека меморијата на Netac може да оствари повеќе од 10.000 МТ во секунда.

Компанијата наводно ќе користи Micron IFA45 Z9ZSB мемориски чипови, а за почеток ќе постојат 16 GB (2GB x8) модули. Чиповите се креирани во 1z nm Micron процес и нудат 40-40-40 sub-тајминзи. Минатата година, Micron истакна дека DDR5 меморијата на компанијата може да оствари до 6400 MT / s.

Netac не е единствената компанија која подготвува интересни решенија од сферата на DDR 5 решенијата. Samsung неодамна објави дека го креира првиот светски 512GB DDR5 модул, со максимални брзини до 7200 MT/s.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести