Кинески научници откриле „чуден“ сиглан од вселената

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Кинеските научници примиле необичен сигнал со помош на петстотини метри широкиот радиотелескоп ФАСТ.

Имено, сигналот е составен од низа на повторувачки брзи „удари“ на радиосигнали (ФРБ), кој е дојден од длабочините на вселената и кој, барем засега, научниците не можат да го објаснат.

ФРБ сигналите се многу ретки и од 2007 година кога првпат се регистрирани, детектирани се околу стотина. Најмногу се случуваат само еднаш и потоа исчезнуваат, но кинеските научници тврдат дека минатонеделниот ФРБ „е познат од порано“.

Како што се наведува, сигналот ФРБ121102 е регистриран во 2012 година, а се вратил во 2015. Сигналот е дојден од џуџеста галаксија одалечена три милијарди светлосни години од Земјата. Сега, помеѓу 30 август и 3 септември, ФАСТ го детектирал истиот сигнал со повеќе од 10 пулсеви.

Иако научниците не знаат од каде сигналите потекнуваат, не сакаат да погодуваат во толкава мера за да се создаде претпоставка за вонземјанска цивилизација. Сепак, мистеријата засега останува и експертите работат на објаснување на феноменот.

Вебмастер

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.