14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Кинеските мигранти пристигнале од Белгија, во камионот умреле на -25 степени

Најчитани вести

Продолжува истрагата за смртта на 39 кинески мигранти кои беа пронајдени мртви во приколката ладилник на камион во Англија, што е еден од најтрагичните случаи на трговија со луѓе во оваа земја.

Во камионот, управуван од Мо Робинсон, 25-годишник од Северна Ирска, имало трупови од 38 возрасни лица и еден тинејџер, сите од кинеска националност, кои тргнале по подобар живот во Велика Британија, пренесува Би-би-си.

Набргу откако беа пронајдени телата на осум жени и 31 маж, возачот беше уапсен.

Жртвите се идентификувани како кинески државјани, а претставници на кинеската амбасада во Британија се упатиле кон Есекс за да учествуваат во понатамошна истрага.

Возачот Мо Робинсон (25) засега е осомничен за убиство на 39 лица, пренесува Би-би-си.

Полицијата прво извршила претрес во две куќи поврзани со него и, според најновите информации, се трага во уште три имоти во Северна Ирска.

Иако камионот бил регистриран во бугарскиот град Варна во 2017 година, последните информации говорат дека мигрантите влегле во Велика Британија преку Белгија.

Белгиските власти засега не можат да потврдат дали мигрантите влегле во ладилникот на територијата на оваа земја.

Британската полиција верува дека контејнерот пристигнал во Англија преку пристаништето Пурфлит.

Се смета дека мигрантите замрзнале во ужасни услови затоа што во приколката ладилник немало доволно воздух и температурата била под минус 25 Целзиусови степени, објави „Дејли меил“.

Тие, наводно, минале најмалку 15 часа во вакви услови, сè додека вратите на камионот не се отвориле во индустриската зона на Есекс, кога биле откриени телата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com