37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Најчитани вести

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјава ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини, додавајќи дека потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада во земјава.

„ Оставаме простор од неколку дена во случај да има некакви поместувања, со оглед на тоа што се случуваше досега“, изјави Филипче.

Тој додаде дека на 19 и 26 април ќе пристигнат и по 10 илјади вакцини од компанијата „Фајзер“. Станува збор за вакцини кои се добиени со директен договор на земјава со компанијата. Преку Ковакс-механизмот 76.000 дози на „Астразенека“ би требало да стигнат до крајот на месецов. Вакцините преку трипартитни договори со Европската Унија се очекуваат на почетокот на мај.

Филипче истакна дека се планира масовна вакцинција и во повеќе градови покрај Скопје.

„ Во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови. Денес имам состанок со градоначалниците и со директорите на здравствените домови за да видиме во кои објекти тоа ќе се спроведува и како ќе се организира медицинскиот персонал“, рече Филипче.

Министерот додаде дека изминативе неколку денови паѓа бројката на новозаболени и на хоспитализирани, и денес се очекува да биде околу 890 нови позитивни на коронавирус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести