23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кинескиот претседател Си Џинпинг на средби со грчкиот државен врв

Најчитани вести

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, кој од вчера е во официјална посета на Грција , ќе оствари средба со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос и со премиерот на земјата, Кирјакос Мицотакис.

Во попладневните часови, претседателот на Кина ќе го посети седиштето на кинеската компанија „COSCO“ на атинското пристаниште Пиреас, а утре во придружба на неговиот домаќин, грчкиот претседател, ќе го посетат и музејот на Акропол.

Во интервју за кинеската телевизија „CCTV“, грчкиот претседател Павлопулос, изјави дека посетата на Си Џинпинг на Атина означува нов период во односите меѓу двете земји.

Павлопулос истакнува дека економските односи меѓу Грција и Кина се во корист и на двете земји особено по 2006 и инвестицијата на „COSCO“.

Претседателот на Кина, минатиот понеделник се сретна со грчкиот премиер во рамките на посетата на Кирјакос Мицотакис на Шангај и учеството на Меѓународниот саем. На средбата, според грчки владини извори биле потврдени врските на пријателство и соработка меѓу двете земји и станало збор за областите во кои може да се зајакне и прошири оваа соработка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести