16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Кинескиот извоз во март скокал за 30 отсто, деветти месец по ред

Најчитани вести

Кинескиот извоз во март се зголеми за 30 проценти во споредба со истиот период од минатата година, што претставува дополнителен силен раст на надворешната трговија на земјата, пренесува ДПА.

Податоците од кинеската Царина, објавени денеска, исто така, укажуваат на неочекувано силен скок на увозот, што пораснал за 38,1 процент.

Март е деветти месец по ред на раст на кинескиот извоз, а увозот, пак, се зголемува шести месец по ред, додава ДПА.

Во првите два месеци од годинава, извозот на Кина скокна за 60,6 проценти. Увозот порасна за 22,2 проценти во јануари и февруари.

За целиот прв квартал има зголемување на извозот за 49 проценти, и раст на увозот за 28 проценти, соопшти кинеската Царина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести