22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Кинеската покраина Хебеј ги затвора стаклените мостови

Најчитани вести

Провинцијата Хебеј во северна Кина, по неколкуте несреќи во земјата, одлучи да ги затвори сите 32 стаклени мостови за туристите.

Стаклените мостови се замислени како футуристичка туристичка атракција, каде што човекот ќе се почувствува како да лебди. Меѓу нив е и Хонѓагу, кој важи за најдолгиот стаклен мост на светот.

Одлуката за затворање на мостовите во таа покраина уследи по низата несреќни случаи, меѓу кои и најмалку два смртни случаја низ цела Кина. Со тоа, безбедноста на стаклените конструкции е доведена во прашање.

Кинеската Влада ги повика надлежните да извршат сеопфатни безбедносни проверки на стаклените мостови, кои ги има околу 2.300 низ целата земја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести