21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Кинеската автоиндустрија би можела да профитира поради ситуацијата во Русија

Најчитани вести

Бројни произведувачи се одлучни да ја спорат работата во своите руски погони, а повеќето го сопреле извозот на рускиот пазар. Кинезите би можеле да профитираат од тоа.

Кинеската автоиндустрија засега не трпи поради моменталната геополитичка ситуација. Кина уште не вовела санкции против Русија, а тоа значи дека трговската размена меѓу овие две земји може да продолжи без никакви проблеми. За кинеската автоиндустрија тоа е важно. Вo текот на минатата година кинеските компании во Русија извезле 122.800 автомобили, што е три пати повеќе во однос на година претходно.

Во големата експанзија на кинеските произведувачи најзначаен пораст бележи “Chery”. Минатата година продале 40.874 автомобили, што е пораст од неверојатни 250% во однос на 2020-та година.На втора место е “Haval” со 39.126 примероци, а на трето место е “Geely” со 24.587 примероци.

“Geely” за “Auto News” изјавил дека во основа престанал со работа во Русија без никакви објаснувања, а другите автокомпании се уште не се изјасниле. Проценката е дека кинеските произведувачи ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација со што се согласуваат и бројни аналитичари. Меѓу нив е и Јунис Ли од “Bernstein”, која вели дека санкциите на Западот против Русија ќе им помогнат на Кинезите да го зголемат пазарниот удел на автомобилскиот пазар.

„Во случај санкциите на САД и ЕУ против Русија да потраат, и на американските и европските произведувачи да им се забрани да работат во Русија, голем е потенцијалот кинеските произведувачи да го зголемат уделот на рускиот пазар“, заклучува Ли.

Меѓутоа, еден од автомобилските произведувачи кој и тоа како ќе го почувствува товарот на санкциите е “Renault”. “Renault” е мнозински сопственик на “AvtoVAZ”, кој е најголем произведувач на автомобили во Русија со удел од дури 24 проценти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com