Кинематограферот Јоргос Арвантис лауреат за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Светски познатиот кинематографер Јоргос Арвантис, соработник на големиот грчки режисер Тео Ангелополус, е добитник на наградата „Златна камера 300“ на претстојното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Ова денеска го соопштија на прес-конференција директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со уметничкиот директор Благој Куновски.

„Не треба да се акцентира дека Арванитис е големо име кое ја прослави својата уметност низ целиот свет. Неговите филмови постојано се прикажуваат на големите филмски фестивали, а за своето дело ‘Вечност и еден ден’ во 1998 година ја доби и највисоката награда ‘Златна палма’ на Канскиот филмски фестивал“, рече Теодосиевска.

На конференцијата присуствуваше и советникот во грчката амбасада кај нас, Констатинос Прокакис. Тој посочи дека филмската уметност е клучна за продолжување на добрите односи помеѓу соседните држави.

„Браќа Манаки“ е еден од најважните и најпознатите филмски фестивали. Наградата на еден режисер со грчко потекло на овој фестивал е од исклучително значење.“, рече  тој.

Според Емануел Рембер, директор на Францускиот институт голема чест е за Франција што Арвантис е добитник на една ваква престижна награда.

„Освен значајната уметничка придобивка, оваа награда претставува уште еден значаен потег по потпишувањето на Преспанскиот дсоговор за доближување на двете соседни култури каква што се македонската и грчката, рече Рембер.

Арвантис остварил комерцијален успех во грчката филмска продукција во „ФИНОС филмс“ пред да го започне своето легендарно тандем-партнерство со Ангелополус, одлучно преминувајќи на територијата на уметничкиот филм и конечно преселувајќи се во Франција, неговата втора професионална татковина. Во текот на речиси шест децении тој осветлил и обликувал слики со исклучителна убавина во повеќе од стотина играни филмови насекаде низ Европа и низ Медитеранот.

Фестивалот „Браќа Манаки“ во пресрет на својот јубилеј од денеска почнува и со патувачкото кино, односно со гостување на други фестивали низ земјата. Првото претставување е на фестивалот „Дрим- ОН “ во Струга, по што ќе следи и гостување на „Бич филм фестивал“ во Охрид.

Фестивалот ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола каде ќе бидат присуствуваат и двата годинешни лауреати и ќе им бидат врачени наградите./makfax.com.mk

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.