20.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Кинезите имаат решение за полукружно вртење на автопат

Најчитани вести

Полукружното вртење на автопат по правило е невозможно, освен во вакви случаи. Дали некогаш ви се случило да го промашите излезот од автопат и да морате да минете десетици километри за да ја исправите грешката на следниот излез?

Во случај да му се случи вакво нешто на возач во овој импозантен кинески автопат издигнат од земјата, веројатно за исправување на грешката би требало многу време.

Кина е огромна држава со разновидна конфигурација на земјиштето, а која често градежниците ги става на големи маки. Тоа особено се забележува во изградбата на автопати, кои во последно време драстично ја менуваат земјата.

Импресивен градежен потфат, како овој, не се реткост. Станува збор за планинско подрачје на кое поголем дел од автопатот е над земјата. На ова специфично полукружно решение се вози со 40 км/час, а станува збор за една од најимпресивните патни структури изградени во денешно време.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести