9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Кина утре во вселената го лансира бродот „Шенжу-12“ со тричлен екипаж

Најчитани вести

Кина утре во вселената ќе испрати три лица, во својата прва мисија со екипаж во последните речиси пет години, што е дел од амбициозниот план за завршување на вселенската станица до крајот на следната година.

КИНА ПЛАНИРА ВО ЧЕТВРТОК ОД ЈИКУАН, ВО СЕВЕРОЗАПАДНА ПРОВИНЦИЈА ГАНСУ, ДА ГО ЛАНСИРА ВСЕЛЕНСКОТО ЛЕТАЛО „ШЕНЖУ-12“, ИЗЈАВИ ДЕНЕСКА ПРЕТСТАВНИКОТ НА КИНЕСКАТА ВСЕЛЕНСКА АГЕНЦИЈА ЈИ КИМИНГ.

Во екипажот ќе бидат астронаутите Неи Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45), додаде тој. Мисијата ќе ја предводи поранешниот пилот Неи, кој ќе биде најстариот национален астронаут што заминал во вселената. Ова е негово трето патување во вселената, по мисиите „Шенжу-5“ во 2003 година и мисијата „Шенжу-10“ во 2013 година.

„Шенжу-12“, што значи „Божествен брод“, е трета од вкупно 11-те мисии потребни за изградба на кинеска вселенска станица.

Кина годинава почна со изградба на вселенската станица, откако кон крајот на април го лансираше во орбитата „Тианхе“, првиот и најголем од вкупно трите модули.

Тричлениот екипаж на модулот „Тианхе“ (Небесна хармонија) ќе треба да остане три месеца.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com