28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Кина тројно го зголеми производството на вакцини од почетокот на февруари

Најчитани вести

Дневното производство на вакцини против ковид-19 во Кина достигна околу пет милиони дози, три пати повеќе од 1,5 милиони дози што ги произведуваше на 1 февруари, објавија денес официјални медиуми.

Кина веќе испорача повеќе од 100 милиони дози во своите здравствени установи, објави новинската агенција Синхуа на својата страница на социјалните мрежи, повикувајќи се на Ши Јачинг, министер за индустрија и информатичка технологија.

„До понеделник вкупно 80,46 милиони дози вакцини се дадени на граѓаните“, објави Синхуа.

Ова се споредува со 74,96 милиони дози кои се дадени до сабота, што укажува на значително забрзување во стратегијата за вакцинација.

Пресметките на Ројтерс засновани на официјални податоци открија дека меѓу 21 март и 22 март се дадени во просек по 2,8 милиони дози, наспроти просечните 1,7 милиони дози дневно од 15 март до 20 март.

Фенг Зиџијан, заменик директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, во понеделникот рече дека од април очекува значително зголемување на бројот на дневни вакцинации против ковид-19.

Кина има намера да вакцинира 40 проценти од своите 1,4 милијарди жители до средината на годината, објавија државните медиуми.

Кина беше меѓу првите земји што започнаа со вакцинација минатата година и извезе милиони дози, но стапките на вакцинација заостануваат зад земјите како што се Израел и САД.

Кинескиот производител на вакцини Синовак бајотек во понеделникот објави дека испратил 160 милиони дози од својата вакцина против ковид-19 во 18 земји и региони, вклучувајќи ја и Кина, а повеќе од 70 милиони дози веќе се применуваат на глобално ниво.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести