19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Кина разви антена која ќе прима податоци од Марс (ВИДЕО)

Најчитани вести

Кина ја разви најголемата антена во Азија која има задача да прима податоци од Марс.

Се работи за подвижна антена со дијаметар од 70 метри, која успешно ги помина сите проверки и сега е подготвена да прима сигнали од Марс во склоп на мисијата Tianwen-1, а истоименото летало наредната недела ќе влезе во орбитата на Црвената планета.

Изградбата на огромниот радиотелескоп започна во 2018 година во регионот Тианјин, а завршена е неодамна. Новата антена има облик на чинија, а со работа започна во четврток. Се состои од 1.328 панели и има дијаметар од 70 метри.

Леталото Tianwen-1 е лансирано во јули 2020 година, а во гравитациското поле на Марс ќе пристигне на 10 февруари. Целта на Кинеската национална вселенска администрација е да го спушти роверот на површината на Марс, а ако слетувањето биде успешно, Кина ќе биде втората земја која успешно управува со ровер на Црвената планета, откако тоа го направија САД.

Кинеските научници во текот на мисијата ќе бараат услови за живот на Марс и ќе ја анализираат нејзината површина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести