7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Кина протестира против американскиот Закон за човековите права во Хонг Конг

Најчитани вести

Кина денеска го повика на разговор американскиот амбасадор во Пекинг, Тери Бренстад, за да му изрази „силен протест” за одлуката на претседателот Доналд Трамп да го потпише Законот за човековите права во Хонг Конг.

Трамп претходно, како што пренесуваат британските медиуми, го потпиша законот, што го усвои Конгресот, за давање поддршка на демонстрантите во Хонг Конг и санкции кон кинеските власти.

Заменик шефот на кинеската дипломатија, Ле Јученг, на американскиот амбасадор му пренел дека таквиот чекор претставува „сериозно мешање во внатрешните работи на Кина и сериозно кршење на меѓународното право”, пренесоа американските медиуми.

Потегот на Трамп кинескиот дипломат го нарекол „ отворен хегемоностички чин” и ги повика САД да не го применуват законот за да спречат да се направи поголема штета во односите меѓу САД и Кина.

Во претходно објавено соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи остро се осудува потпишувањето на законот и најавените санкции кон Кина. Во него се наведува дека целиот народ на Хонг Конг и на Кина се противат на таквата одлука.

Американските медиуми додаваат дека се уште не се знае како Кина, освен усната реакција, ќе постапи по оваа одлука на Трамп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com