-1 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Кина претстави нови роботи, ќе бидат сообраќајци

Најчитани вести

Техничките помагала и понатаму се дел од сообраќајот во Кина, а на оваа листа од неодамна се придружи и робот сообраќаец. На тој начин продолжи контролата на граѓаните со помош на технологијата.

Од 7 јули во северна Кина во градот Хандан беа претставени три типа на сообраќајни роботи чија улога е да им помагаат на полицајците во регулирањето на сообраќајот. Официјалните лица соопштија дека ова е првпат да се користат роботи во оваа цел, а секој од роботите се разликува малку од другиот и секој има единствена функција, која како што тврдат креаторите би требало да го олесни сообраќајот во градот.

Така еден од роботите припаѓа на „контрола на автопат“ и е дизајниран да се однесува како човек-полицаец. Друг е наречен „напреден сообраќаен робот“, кој би требало да одговара на прашања на граѓаните и да ги насочува кон саканите локации. Трет е „робот кој предупредува на несреќи“, а негова задача е да ги известува возачите за проблемите кои се случиле после некоја сообраќајна несреќа.

Системот ќе функционира 24/7, а уште не е јасно дали роботите ќе „работат“ во исто време или, пак, ќе се делат по смени.

Ова не е првпат Кина да ангажира полициски роботи, а со оглед на тоа што во 2016 година се појави AnBot безбедносен робот чија задача е да патролира на аеродромот Shenzhen, а во 2017 година роботот шериф E-patrol,  кој роботско контролирање на граѓаните почна да го спроведува на улиците во поголемите градови. /24auto.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести