4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Кина претстави големо беспилотно летало за извидување и напади

Најчитани вести

CH-6 е голем дрон кој може да достигне големи брзини и висини, има голем домет и може да се користи за различни цели. Дронот има и голем капацитет за товар, пренесе Interesting Engineering.

Долг е 15 метри, размерот на крилата е 20,5 метри, а висок е 5 метри. Максималната брзина изнесува 800 км/час. Капацитетот за гориво изнесува 3.42 тони во конфигурација за извидување, односно 1,72 тони во конфигурација за извидување и напади.

Станува збор за едно од најнапредните беспилотни кинески летала кога се работи за можностите за носење електронска опрема за извидување.

Од 28 септември до 3 октомври во Кина ќе биде одржано големо меѓународно воздухопловно шоу на кое Кина ќе ги покаже новите воени авиони и летала, меѓу кои и овој голем дрон наменет за извидување и напади.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com