10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Кина објави рекорден број инфицирани со коронавирус

Најчитани вести

Кина објави досега највисока бројка заразени со коронавирус во изминатите две години.

Кинеските здравствени власти пријавуваат 402 локални инфекции, речиси двојно повеќе од претходниот ден. Притоа се јавува и за 435 асимптоматски инфекции и 277 случаи увезени од странство.

После првиот голем бран на коронависрусот пред две години, Кина со строги мерки за брзо време успеа да го стави вирусот под контрола. Оттогаш во земјата се регистрирани само регионални епидемии.
Кинеските здравствени власти сметаат дека појавата на високозаразната Омикрон варијанта на вирусот во источниот пристаништен град Тијанин ќе биде предизвик за заштитните мерки.

Индивидуални случаи се регистрирани во двата најмногубројни града во земјата – Пекинг и Шангај. Нови инфекции се пријавени во седум провинции и региони. Особено погодена е североисточната провинција Џилин со 165 симптоматски инфекции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com