23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Кина обезбеди 50.000 вакцини за БиХ

Најчитани вести

Владата на Народна Република Кина обезбеди 50.000 дози вакцини против коронавирусот за Босна и Херцеговина, објави амбасадорот на Кина во БиХ, Pи Пинг.

Ова го потврди во разговор со министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, кој веднаш нареди да се иницираат сите потребни механизми за најбрзо прифаќање на пратката, што ќе биде од големо значење за БиХ, додека земјата се соочува со тешка набавка на вакцини за борба против пандемијата од Ковид-19 на светскиот пазар.

Турковиќ изрази благодарност до Владата на Народна Република Кина за овој чин.

Ќе ги вклучиме сите потребни институции во рамките на БиХ со цел овој процес да заврши што е можно побрзо, а вакцините да стигнат до крајните корисници, додаде Турковиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести