Home » КИНА ЗАПОЧНУВА ВЕЖБИ ВО ЖОЛТОТО МОРЕ Поморските маневри ќе завршат на 19 август

КИНА ЗАПОЧНУВА ВЕЖБИ ВО ЖОЛТОТО МОРЕ Поморските маневри ќе завршат на 19 август

by Журнал.мк

Кина денеска почнува воени вежби во некои области на Жолтото Море, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Управата за поморска безбедност на Народна Република Кина. Жолтото Море е дел од Тихиот Океан кој ја дели Кина од Корејскиот Полуостров.

Во кусото соопштение се наведува дека поморските маневри ќе завршат во 17 часот по локално време на 19 август. На веб-страницата на Управата се напишани координатите на зоните на вежбите во кои е забранет влез на пловни објекти.

Не е прецизирано каква жива сила и техника се користи.

Четиридневни маневри на Кина во Јужното Кинеско Море траат од вчера. Според кинеската телевизија, тие вежбаат противвоздушна одбрана и напади од брод кон цели во морето.

Од почетокот на август, вооружените сили на Кина спроведоа серија воени вежби долж својот брег, вклучително и во Тајванскиот теснец.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk