20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Кина: ЕУ треба да ја признае сериозноста на својата грешка

Најчитани вести

ЕУ и неколку западни земји воведоа санкции против кинеските власти поради кршење на правата на муслиманската малцинска заедница Ујгури во кинескиот регион Ксинџијанг.

Санкциите беа воведени од ЕУ, Велика Британија, САД и Канада.

Кина одговори со воведување свои санкции врз европските претставници.

Пекинг ги негира сите обвинувања за кршење на човековите права во северозападниот регион.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека го повикале амбасадорот на ЕУ Николас Чапуис да вложи протест против санкциите.

Во соопштението од Министерството се вели дека заменик-министерот за надворешни работи Чин Ганг рекол дека ЕУ треба да ја признае сериозноста на својата грешка и да ја исправи со цел да се спречи натамошно нарушување на односите меѓу Брисел и Пекинг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести