18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Кина ги осуди новите санкции на САД

Најчитани вести

Кина денес ги осуди новите санкции наметнати од страна на САД врз кинеските фирми и поединци кои ги обвинува дека увезуваат нафта од Иран, што претставува повреда на санкциите наметнати од Вашингтон врз Техеран.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, на прес-конференција рече дека соработката на Кина со Иран е легитимна и легална, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој ја објави одлуката синоќа во Њујорк, каде што присуствуваше на седницата на Генералното собрание на ООН, рече дека Соединетите Држави ги предупредувале Кина и другите земји дека ќе санкционираат какво било прекршување на санкциите против Иран.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести