Home » Ким Kардашијан ги „почести“ своите придружници на инстаграм покажувајќи им ги градите

Ким Kардашијан ги „почести“ своите придружници на инстаграм покажувајќи им ги градите

by Журнал.мк

Овој пат, обидувајќи се да изгледа беспрекорно, се случи мало „фијаско“ додека снимаше видео за нејзината приказна на Инстаграм, па нејзините придружници можеа да видат повеќе отколку што е потребно.

Во петокот, Ким Кардашијан објави видео на Инстаграм на кое позира со црн градник со тенки прерамки. Додека нежно ја допираше косата и ги прчеше усните, следејќи ја добро утврдената шема на блогерките на Инстаграм, во еден момент се случи непријатна ситуација и нејзината брадавица излезе од „невнимание“. Таа веднаш изреагира и тој дел го покри со раката, но содржината секако беше споделена, веројатно на задоволство на нејзините 312 милиони придружници. Преку „проблематичниот“ дел, таа ставила емотикон за содржината да биде „цензурирана“.

Во другото видео, оваа мајка на четири деца позира во проѕирни широки панталони додека зборува за тоа како фризерите и шминкерите сакаат да се вклучат во нејзината приказна за Инстаграм.

„Сакаат да бидат дел од приказната на Инстаграм… Може ли да ме оставите на мира“? – се слуша во видеото нејзиниот глас.

Додека позира пред огледало во проѕирни панталони од својата колекција, таа го покрива лицето со телефонот додека снима, напоменувајќи им на лицата што ја следат да не се грижат бидејќи носи долна облека.

Покрај ова, таа ги повика своите обожаватели да гласаат за Рик Круз за градоначалник на Лос Анџелес, со цел нејзиниот роден град да се промени на подобро, бидејќи, како што истакна, аа смета дека Рик Круз може многу да направи на полето на криминалот и бездомниците, кои се голем проблем во ЛА.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More