37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Ким Џонг-ун ја одреди траекторијата на односите со Јужна Кореја

Најчитани вести

Севернокрејскиот лидер, Ким Џонг Ун, ја постави траекторијата за својата владеjачка Работничка партија во односите со Јужна Кореја и во надворешните работи, соопшти денеска државната новинска агенција КЦНА.

Ким, кој ја зацврсти својата моќ на јануарскиот партиски конгрес со повторниот избор за генерален секретар, на вториот ден од партискиот пленарен состанок вчера продолжи да зборува за идниот петгодишен план на официјалната политика на Пјонгјанг, пренесоа британските медиуми.

„Генералниот секретар во својот извештај ги опиша воените задачи што Народната армија и индустријата за муниција ќе ги извршат годинава, како и насоките за идните активности што треба да ги преземат секторите за односите со Јужна Кореја и во надворешните работи, пред да ја нагласи потребата од темелно спроведување на оваа политика во дело“, објави КЦНА.

Иако го покрена прашањето за редизајнирање на односите со Јужна Кореја „што ги налага актуелната состојба и сменетите времиња“, Ким го критикуваше Сеул за понудата за соработка во „несуштинските“ области како што се помошта за Ковид-19 и туризмот и рече дека соседот треба да престане да купува оружје и да спроведува воени вежби со САД.

KЦНА не даде дополнителни детали за состанокот, но рече дека состанокот ќе продолжи барем уште еден ден.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести