9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Ким Џонг-ун: Воено се засилуваме за да се заштитиме од САД

Најчитани вести

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека развојот на оружјето во неговата земја е во функција на одбраната од непријателските политики на САД и военото зајакнување на Јужна Кореја што го дестабилизира полуостровот, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на државни медиуми.

„Пјонгјанг ја зајакнува својата војска во самоодбрана, а не за да почне војна”, рече Ким во говор на воена изложба, пренесе севернокорејската агенција КЦНА.

Ким говорот го одржа стоејќи пред разновидното оружје, што ја вклучи и интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-16″ (ИЦБМ). Таа е најголемата севернокорејска балистичка ракета што, беше претставена лани во октомври на воена парада, но се уште не е тестирана.

-Не зборуваме за војна со никого, туку за спречување и одвраќање на војната со цел да се заштити националниот суверенитет, рече Ким.

Северна Кореја ја забрза ракетната програма, а аналитичарите велат дека исто така почнала со проширување на главниот нуклеарен реактор, што го користи за производство на гориво за нуклеарни бомби. Иако САД изразија подготвеност за одржување дипломатски преговори во секое време со Северна Кореја, Пјонгјанг изрази незаинтересираност се додека Вашингтон ја продолжи политиката на санкции и воена активност во Јужна Кореја.

-Тешко е да се поверува во тврдењата на САД дека нема непријателски чувства кон Северна Кореја кога сме сведоци на нивните погрешни проценки и постапки, рече Ким.

Тој додаде дека и опасните напори на Јужна Кореја да ја засили војската го уништуваат воениот баланс на Корејскиот полуостров и ја зголемуваат нестабилноста и опасноста.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com