27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Ким Јонг-ун потврди дека земјата се соочува со сериозен недостиг од храна

Најчитани вести

Севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун призна дека земјата се соочува со напната состојба со храна, објавија денес тамошните државни медиуми.

Северна Кореја, која се наоѓа во тешка економска состојба поради меѓународните санкции наметнати поради нејзината воена програма, веќе подолго време се соочува со сериозен недостиг од храна.

Економијата беше погодена и од пандемијата на коронавирусот, како и од временските услови, тајфуните и од поплавите.

На состанокот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким рече дека економската состојба се подобрила со зголемувањето на индустриското производство за два процента во споредба со претходната година, пренесуваат тамошните агенции.

Сепак, севернокорејскиот лидер призна дека земјата се соочува со низа тешкотии поради многу предизвици што треба да се надминат.

– Ситуацијата со храната сега е напната бидејќи земјоделскиот сектор не може да ја исполни својата цел да произведува житни култури поради штетите предизвикани од тајфуните минатата година – рече Ким.

Во текот на претходното лето неколку илјади домови и обработливо земјиште беа уништени во тајфуните проследени со поплави.

Ким повика на мерки за намалување на последиците од овие природни катастрофи велејќи дека обезбедувањето добра жетва е врвен приоритет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести