19.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Ким стана познатата адвокатка од Харвард!

Најчитани вести

Познатата ријалити ѕвезда веќе некое време учи за да стане адвокатка. Таа љубовта спрема оваа професија ја има наследено од својот татко Роберт Кардашијан, еден од најпознатите адвокати во Америка и дел од адвокатскиот тим на Орентал Џејмс Симсон (познат како OJ).

Затоа оваа ноќ на вештерките таа одлучи својот омилен карактер од филмот „Legally Blondе“ да го направи реалност. Ким одлучи да се маскира како Ели Вудс (ја игра Рис Витерспун) која во култниот филм е девојка од „високото добро утро“ што сака да стане адвокатка на престижниот Универзитет Харвард.

Ели Вудс е девојка која сите ја исмеваат, бидејќи сметаат дека е невозможно да стане адвокатка поради нејзината претерана „размазеност“ и убавина. Но, таа подоцна ги руши сите стереотипи и станува најдобрата адвокатка на универзитетот.

Ким го направи дури и видеото од филмот каде што Ели Вудс (Рис Витерспун) аплицира за универзитетот. Таа до последен детал успеа да го усоврши.

Дали и Ким како Ели ќе успее да стане најдобрата адвокатка на својата генерација?/slobodenpecat.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com