13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Ким си дојде на свое: Конечно и службено ѝ е доделена ласкавата титула заради која нејзиниот сопруг имаше лути испади!

Најчитани вести

Ким Кардашијан (40) конечно и официјално е милијардер, објави деловниот магазин Форбс.

Странските медиуми кон средината на минатата година напишаа дека таа ја престигнала својата полусестра Кајли Џенер, која на 22-годишна возраст стана најмладата милијардерка во светот. А, Канје Вест, од кого Ким моментално се разведува, тврдеше дека треба таа да ја носи ласкавата титула и дека нејзиниот успех е намален и таа е лишена, а тој имаше јавни испади поради тоа.

Форбс истакна дека Кардашијан сега и за прв пат официјално се приклучи на списокот на милијардери. Нејзиното богатство е 1 милијарда долари, бидејќи во октомври заработи 780 милиони долари благодарение на нејзината козметичка компанија KKW Beauty и линијата за обликување на телото Skims.

Таа заработила и од учеството во реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ и бројни помали инвестиции. Познато е дека има и милиони за објавите на социјалните мрежи исто како и нејзините сестри.

Инаку, Ким неодамна им призна на обожавателите дека ја гледала хит серијата „Bridgerton“ и станала зависна од неа. “Што се случува? Јас не плачам. Не сум добро. Опседната сум”, напиша ријалити starвездата заедно со снимките од серијата што ја сподели на приказната на Инстаграм. Ким исто така покажа дека пиела бело вино на патот, но и дека плачела.

Кардашијан, како што истакнаа нејзините обожаватели, најде нешто што ќе ја одвлече од разводот со Кание Вест. Затоа многумина објавија за реалити ѕвездата на Твитер.

„Сериозно, Ким Кардашијан да го гледа „ Bridgerton“е најдоброто нешто што се случи во 2021 година“ беше еден од коментарите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести