9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Ким Кардашијан: Не дозволив псоријазата да ме направи несигурна

Најчитани вести

38-годишната Ким Кардашијан веќе 14 години се бори со псоријазата. Највидлива е на десната нога, но ѝ се појавува и на целото нејзино тело, откри таа. Познатата старлета неодамна изјави дека иако често имала проблеми со болеста, сепак не дозволила таа да влијае на нејзината самодоверба.

„Научив да живеам со тоа, не сакам да се чувствувам несигурно поради псоријазата, но има денови кога ми пречи, па затоа и ја покривам со пудра“, напиша Ким. Таа објави слика на „Инстаграм“ со која откри дека болеста ја прикрива со млеко за самопотемнување.

Кардашијан вели дека  во последно време сé е под контрола и дека кожата ѝ е исчистена, но дека на некои места сé уште има последици. Во минатото  имала псоријаза на лицето, рацете и нозете, но сега најголем проблем ѝ се црвенилото и сувата кожа на нозете.

И нејзината мајка Крис Џенер со години се бори со оваа болест. Таа добила псоријаза на 30 години.

Текстот Ким Кардашијан: Не дозволив псоријазата да ме направи несигурна е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести