Синоќа во Лос Анџелес се одржа доделувањето на наградите Еми, а улогата за презентерки на наградата за најдобро реално шоу им припадна на сестрите Ким Кардашијан и Кендал Џенер.
Сестрите излегоа на бината за да ја доделат наградата во категоријата Најдобра реалити серија, која практично и не постоеше додека не беше прикажана првата епизода од нивното шоу „Во чекор со Кардашијанови“.
Пред да ја врачат наградата, Ким и Кендал одржале говор, поради кој публиката ги исмеала.
„Нашето семејство од прва рака знае дека вистинската телевизија доаѓа од вистински луѓе кои пред камерите се однесуваат како и зад нив“, рекла Ким, а Кендал се надоврзала.
„Раскажувајќи ги своите приказни без никакви филтри и сценарија“, рекла таа.
Ова предизвикало ерупција кај публиката и смеа во целата сала, иако никој всушност не ни помислил дека двете дами се шегувале.
Причина за смеењето е контрадикторноста на нивната изјава, бидејќи е јавна тајна дека учесниците во реалното шоу „Во чекор со Кардашијанови“ сè снимаат врз основа на сценарио.
Судејќи според изразите на лицата, Ким и Кендал не биле среќни поради реакцијата на публиката.
Прозивките и саркастичните коментари се преселиле од салата на социјалните мрежи.