21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Киднaпирање во Лесковац: Грабнале момче и го ставиле во багажник

Најчитани вести

Полицијата набрзо ги идентификувала осомничените и ги уапсила. Осомничените се во притвор и денес ќе бидат предадени на надлежен обвинител.

Српската полиција во Лесковац, во продолжение на акцијата „Гнев“, уапси тројца осомничени под сомнение дека сториле кривично дело противправно лишување од слобода.

Тие се осомничени дека ноќта на 29 април, на едно дваесет и тригодишно момче му го одзеле телефонот, а потоа го извлекле од возилото и му задале неколку удари по главата и телото.

Потоа му ги врзале рацете, го сместиле во багажникот на автомобилот и го донеле во еден стан. Потоа го ослободиле, но претходно му се заканиле за случката да не пријавува во полиција.

Но, полицијата набрзо ги идентификувала осомничените и ги уапсила. Осомничените се во притвор и денес ќе бидат предадени на надлежен обвинител.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести