9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Кејт Мидлтон и леди Дајана: Освен стилот ги поврзува и Џејмс Бонд

Најчитани вести

Англија-  Кејт Мидлтон и принцезата Дијана имаа заеднички момент на црвениот килим!

Кејт и принцот Вилијам им се придружија на принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол како почесни гости на светската премиера на најновиот филм за Џејмс Бонд, „ No Time to Die “, завчера, во Ројал Алберт Хол.  Кејт (39) изгледаше како филмска ѕвезда во тоалета од златна мониста на Џени Пакхам,  всушност, толку убав што водечкиот актер Даниел Крег и рече: “Изгледаш прекрасно, прекрасно!”

Но, членовите на кралското семејство не се непознати за црвените килими на Бонд – всушност, треперливиот изглед на Кејт ги врати спомените од 1985 година, кога принцезата Дајана и принцот Чарлс присуствуваа на премиерата во Лондон на „ A View to a Kill  “ со Роџер Мур. Дијана носеше блескава сребрена тоалета со долги ракави.

На друга фотографија, принцезата Дајана се ракуваше и разговараше со Мур, исто како што Кејт направи со Крег на гала-настанот во вторникот вечерта.

Кејт честопати и оддава почит на нејзината покојна свекрва со нејзиниот стилски избор, од свечени тоалети до парчиња од колекцијата накит на Дајана.

Се разбира, Кејт ретко е без свршеничкиот прстен од сафир и дијаманти со кој принцот Вилијам ја запроси, а кој претходно и припаѓаше на принцезата Дајана.

Кога станува збор за филмовите за Џејмс Бонд, принцезата Дајана присуствуваше и на премиерата на For Your Eyes Only во 1981, Octopussy во 1983 и The Living Daylights во 1987. Во меѓувреме, Кејт се прошета на црвениот килим со принцот Вилијам на премиерата на Spectre во 2005 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com