-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Кејт Бекинсејл од сет ИТНО во болница

Најчитани вести

Актерката Кејт Бекинсејл  итно беше префрлена од сет во болница поради повреда на грбот, пишува Page Six.

Имено, Кејт моментално е во Лас Вегас на снимањето на филмот„Ќерката на затвореникот“.

Во еден момент, актерката добила силни болки во грбот и за тоа се пожалила на неколку колеги кои биле со неа.

Наводно, лекарите одлучиле Кејт да остане во болница, а се уште не е познато дали се повредила за време на снимањето или во хотелот каде што моментално престојува.

Во новиот филм „Ќерката на затвореникот“ ќе ја придружуваат Брајан Кокс, Тајлер Ритер и Ерни Хадсон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com