-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Кејн ќе направи се за да замине: Спремен е да ги бојкотира тренинзите

Најчитани вести

Хари Кејн многу се поврзува со заминување од Тотенхем ова лето, а изгледа Кејн е решен таа намера да ја реализира.

Во последните натпревари од минатата сезона изгледаше како Кејн да се простува од навивачите, меѓутоа изгледа дека во Тотенхем прават проблем. „Телеграф“ денес пишува дека Кејн е спремен да ги бојкотира тренинзите на „петлите“.

Парите во оваа ситуација не се проблем, напаѓачот сака да оди во клуб каде што ќе може да освојува трофеи, а најмногу се поврзува со Манчестер Сити.

Споменатиот медиум пишува дека Кејн веќе известил неколку свои соиграчи од репрезентацијата за својата намера да не се враќа на тренинзите.

Во таква ситуација тешко дека Тотенхем ќе оди до крај, веројатно не би сакале да исплаќаат голема сума на незадоволен играч, па ако тоа се случи ќе стане јасно дека заминува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести