10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Кефалојанис: Одлагањето на стартот на преговорите не треба да ги разочара Скопје и Тирана

Најчитани вести

Донесувањето одлука за старт на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е одложено за мај 2020 и тоа не треба да ги разочара двете земји кандидати и нивните народи, вели претседавачот на Делегацијата на Европскиот парламент при Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија, Манолис Кефалојанис во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“ (ЕВБ).

„Двете земји треба да продолжат со напоите за целосно спроведување на неопходните реформи без отстапување од нивната европска ориентација и нивната европска иднина. Грција смета дека во сегашните околности ЕУ може да го започне пристапниот процес, кој би довел до нивно вклучување во големото европско семејство. Тоа е нешто што би придонело за стабилноста и мирот на балканскиот регион, кој има
искуство на многу турбуленции изминативе векови, вели грчкиот европратеник Кефалојанис, кој е член на владејачката партија во Грција, Нова демократија.

Тој се надева дека до мај идната година „ќе бидат отстранети сите забелешки на Франција“ и дека ќе почнат преговорите за членство со двете балкански земји.

Според Кефалојанис, евентуалното раздвојување на преговарачкиот процес на Северна Македонија и на Албанија би испратило „погрешна порака“ и би предизвикало повеќе проблеми, отколку што би решило.

„Тоа би отворило повеќе прашања поврзани со политичката стабилност во Албанија и би предизвикало антиевропски дискурс меѓу албанските лидери и општество, кои би увиделе дека нивните напори биле залудни, вели Кафалојанис во интервјуто за ЕВБ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com